Поради пандемијата со корона-вирусот, речиси сите спортски настани останаа да се играат без присуство на публика. Така ќе биде и во ракометната завршница на СЕХА регионалната лига. Вардар, кој е бранител на тронот, си обезбеди место во фајнлфор завршницата, која ќе се игра во Задар.
Навивачи на трибините нема да има, но сепак ќе може виртуелно да се најдете во салата и да ги бодрите вардарци. СЕХА-лигата отвори ЛИНК на кој треба да аплицирате, а потоа ако имате среќа, да бидете и дел од виртуелните навивачи во салата.
Вардар во полуфиналето ќе игра против Загреб, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Веспрем и Мешков Брест. Македонскиот првак е убедливо најуспешен клуб во СЕХА-лигата и досега има освоено пет титули.