Одлична најава за дербито – Сите пет средби во Бундеслигата завршија ГГ3+

Натпреварите од 15:30 часот во 31-то коло од Бундеслигата одиграа токму како за мерак на обложувачите, а тоа е со многу голови.

Сите пет средби завршија ГГ3+, а последна средба која што се чекаше беше таа меѓу РБ Лајпциг и Унион Берлин бидејќи по првото полувреме беше 0:0, а на крај славеа гостите со 1:2. Јусуф Полсен донесе предност за Лајпциг во 47 минута, додека Свен Мичен погоди за израмнување во 86-та, а пресвртот го донесе Кевин Бехренс.

Баерн Леверкузен славеше на гостински терен кај фенерџијата Гројтер Фир со 4:1 на гости, а стрелци за „фармацевтите“ беа: Патрик Шик (8′), Сардар Азмун (18′), Паулињо (58′) и Езекел Паласиос во 84-та минута, додека интересно е што домаќините поведоа со голот на Јетро Вилемс 5-петтата минута.

Фрајбург, пак имаше негатива од 0:2 против Борусија Менхенгладбах, за на крајот гостите со гол во 94-та минута да се радуваат на израмнување од 3:3

Сето ова е одлична најава за големото дерби од 18:30 часот меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, од кое исто така се очекува многу голови.

БУНДЕСЛИГА

Келн – Арминија Билефилд 1:3

Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 2:2

Фрајбург – Борусија Менхенгладбах 3:3

Гројтер фир – Баер Леверкузен 1:4

РБ Лајпциг – Унион Берлин 1:2

- Оглас -

Најнови вести