Одлична понуда: Фудбал, кошарка и тенис во Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Понеделничкото издание на понудата со Квотите на денот во Sport Life содржи пет натпревари од три различни спорта. Три меча се од фудбалот, по еден од кошарката и тенисот. Поединечно квотите се движат помеѓу 1.85 и 2.50, додека петте предлози искомбинирани на ист тикет прават квота од 39.7.

Првиот меч во понудата е од тенисот, и тоа оној на најдобриот тенисер во историјата. Квотата од 2.00 ќе биде добитна ако Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0 го победи Арегнтинецот Серундоло во осминафиналето на Ролан Гарос.

Ефикасно се очекува да биде во Ирска, на мечот помеѓу Слајго и Дрогеда. Понудената квота од 2.50 ќе биде добитна само ако двете мрежи се затресат, но и ако има најмалку три гола вкупно на целиот натпревар.

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва игра пријателски натпревар против Хрватска, па ако нашите фудбалери постигнат барем еден гол на гостувањето во Риека, квотата од 1.95 ќе биде добитна.

Црвена ѕвезда и Партизан го играат финалето од кошаркарското првенство на Србија, па ако „црвено-белите“ имаат водство на полувремето и на крајот победат, квотата од 1.85 ќе биде добитна.

Понудената квота од 2.20 за мечот помеѓу Германија и Украина ќе биде добитна само ако организаторот на Европското првенство победи во натпревар на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести