Одлична понуда: Коефициенти помеѓу 2.00 и 2.50 во Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет натпревари со квоти помеѓу 2.00 и 2.50 се дел од понудата со Квотите на денот на Sport Life. Заедничко за сите натпревари е тоа што се очекува ефикасен фудбал, а петте предлози искомбинирани на еден тикет прават одлична квота од 58.1.

Ривер плејт како фаворит патува на гостувањето кај Депортиво Риестра и доколку победи во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, квотата од 2.00 ќе биде добитна.

Најголемата квота во Квотите на денот, 2.50, ќе биде добитна само ако екипата на Дандалк не загуби на домашен терен од Слајго роверс, но и ако двете мрежи се затресат на натпреварот од ирското првенство.

Победник се очекува на бараж-натпреварот за влез во шпанската Ла Лига помеѓу Еспањол и Спортинг Хихон. Квотата од 2.35 ќе биде добитна само ако натпреварот не заврши нерешено и ако бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

Вистинска голеада се очекува на натпреварот од Купот на Исланд помеѓу Викингур и Филкир. Квотата од 2.30 ќе биде добитна само ако бидат постигнати најмалку два гола во првото полувреме, но и најмалку четири на целиот натпревар.

Екипата на Фламинго е фаворит против Гремио, па квотата од 2.15 ќе биде добитна ако домашните постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести