Пет интересни натпревари, четири од европскиот клупски фудбал и натпреварот за третото место на Копа Америка, се дел од понудата со Квотите на денот на Sport Life. Петте предлози искомбинирани на ист тикет прават квота од 39.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.30.
Очекувањата се дека екипата на Малме нема да загуби на гостувањето кај Мјалби, а доколку тоа се случи, но и ако двете мрежи се затресат, тогаш понудената квота од 2.20 ќе биде добитна.
Екипата на Бран е голем фаворит на домашен терен против Хаугесунд, па доколку има водство на полувремето и на крајот победи во меч со најмалку два гола, квотата од 1.95 ќе биде добитна.
Ефикасно се очекува да биде на рускиот Супер куп помеѓу Зенит и Краснодар. Квотата од 2.00 ќе биде добитна ако во првото полувреме биде постигнат барем еден гол, но и најмалку три на целиот натпревар.
Најголемата квота во оваа понуда, 2.30, е мечот од романското првенство помеѓу ФЦСБ и Универзитатеа Клуж. За да биде добитна понудената квота потребно е домашните да забележат победа, но и да има најмалку еден гол во првото полувреме.
Ефикасно се очекува да биде и на мечот за третото место на Копа Америка помеѓу Канада и Уругвај. Квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако во двете полувремиња бидат постигнати помеѓу еден и три гола.