Последниот репрезентативен прозорец оваа календарска година и официјално започнува денес, а фудбалерите веќе се на пат кон собирите на своите репрезентации, па понудата на клупски план во Европа е разредена. Петте натпревари во Квотите на денот на Sport Life имаат идентична квота од 2.00, а искомбинирани на ист тикет прават квота од 32.00.
За да биде добитна квотата од 2.00 за мечот помеѓу Неман и Динамо Минск во првенството на Белорусија, потребно е гостите да не загубат во меч на којшто ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола.
Ефикасно се очекува да биде на мечот помеѓу Хобро и Хилерод. Голови се очекуваат во двете мрежи, но и во двете полувремиња. Ако овие два услова бидат исполнети, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна.
За разлика од претходниот натпревар, на мечот помеѓу Оцелул Галаци и Клуж се очекуваат малку голови, и тоа најмногу по еден во првото и во второто полувреме. Квотата и за овој натпревар е 2.00.
Слично се очекува да биде и на мечот од втората шпанска Ла Лига помеѓу Ла Коруња и Еибар. За да биде добитна квотата од 2.00 потребно е една од екипите да победи, но и да нема повеќе од еден гол во првото полувреме.
На натпреварот помеѓу Аргентинос и Банфилд фаворитската улога ја има домашната екипа, па за да биде добитна квотата од 2.00, потребно е тие да немаат негатива по првото полувреме и на крајот да забележат победа.