Два натпревари од италијанската Серија А, и по еден од Шведска, Шпанија и Англија се дел од Квотите на денот на Sport Life. На сите натпревари се очекува ефикасен фудбал, а вкупната квота на петте натпревари е 67.8.
Екипата на Удинезе е благ фаворит против Лече и за да биде добитна квотата од 2.65 потребно е да не загуби на денешниот натпревар, но и да има голови во двете мрежи.
И екипата на Елфсборг е фаворит во првенството на Шведска против АИК. Од домашните на овој натпревар се очекува да постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар за да биде добитна квотата од 2.20.
Победа се очекува и од екипата на Фиорентина против Емполи, а освен победата на домашните за да биде добитна квотата од 2.20, потребно е да има голови во двете полувремиња.
Голови во двете полувремиња се очекува и на натпреварот од шпанската Ла Лига помеѓу Фиорентина и Емполи. Понудената квота за овој натпревар е 2.30, а за да излезе треба да има помеѓу еден и три голови и во првото и во второто полувреме.
Тотенхем со победа вечерва против Фулам ќе се искачи на лидерската позиција во Премиер лигата, но за да биде добитна квотата од 2.30, потребно е на натпреварот да бидат постигнати и од два до четири голови.