Пет меча со квоти над 2.00 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 40.8, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.15.
Аугсбург треба да даде еден или два гола во првото полувреме против Келн за да биде добитна квотата од 2.15.
Квотата од 2.00 за мечот помеѓу Стразбур и Ленс ќе биде добитна само ако има голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња.
Парма и Каљари се очекува да одиграат неефикасен меч, а квотата од 2.10 ќе биде добитна ако во првиот дел нема повеќе од еден гол, а во второто да бидат постигнати еден или два.
Очекувањата се дека Астон вила нема да загуби кај Вулверхемптон, а ако тоа се оствари, но и ако гостите постигнат најмалку два гола, тогаш квотата од 2.10 ќе биде добитна.
Понудената квота од 2.15 за дуелот на Леванте и Алавес ќе биде добитна ако мечот не заврши нерешено, но и ако има помеѓу два и пет гола.


