35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Одлична понуда за суеверните: Сите пет квоти на денот се со коефициент 2.30

Раритетна е понудата во денешните Квоти на денот, каде што сите пет меча имаат игри коишто носат коефициент од 2.30. Доколку решите да ги одиграте сите пет дуели на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 64.36.

Војводина игра против Чукарички во полуфиналето од Купот на Србија и тука опцијата е да се одигра дека двете екипи ќе постигнат погодок и дека барем по еден гол ќе има во двете полувремиња.

Во Русија, Краснодар го пречекува Урал и тука домаќините не смее да загубат во натпревар на кој не би требало да има повеќе од два погодока.

Мидлсборо треба да го сочува домашниот терен против Ковентри и не трееба да загуби во дуел на кој двете екипи ќе се израдуваат на погодок барем по еднаш.

Спектаклот меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид треба да биде со голови, и тоа барем еден во првите 45 минути и уште два во второто полувреме.

Фенербахче е домаќин на Трабзонспор и тука домаќините ја имаат фаворитската улога, па двојка не е опција за играње, а гледачите треба да видат меѓу три и пет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести