Одлична вест од Болоња: Синиша Михајловиќ излезе од болница, наскоро се враќа на работа

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ кој се бори со леукемија, наскоро повторно ќе седне на клупата на Болоња, откако денеска беше пуштен од болница, каде лежеше 34 дена, откако му се вратија леукемијата, па му беше давана терапија и направени беа анализи.

Михајловиќ следните неколку дена ќе ги мине во Рим со семејството, а потоа ќе може да ги води тренинзите на Болоња. За мечот со Венеција во следно коло, Миха нема да биде на клупата, но се очекува да го води тимот во последните две рунди од Серија А, кога Болоња ќе игра со Сасуоло и Џенова.

Дпдека беше отсутен, Болоња во шест меча не загуби ниту еднаш, а играчите дојдоа и му пееја под прозор во болница, за да прослават победа и да му дадат поддршка на тренерот.

 

- Оглас -

Најнови вести