Алкалоид ја победи Струга со 44-27, а Вардар 1961 славеше против Тинекс Пролет со 36-27, па двете непоразени и водечки екипи се загреаја за дербито в недела кога меѓусебе ќе си ги одмерат силите во „Јане Сандански“.
Вест на денот е камбекот на Марко Митев на ракометните терени.

Митев се повреди во март играјќи за репрезентацијата и убаво е што повторно е таму каде што треба, на терен. Митев вечерва даде два гола. Ќе има два месеци да влезе во ритам и биде во посакуваната форма за Европското првенство. Тој е многу важен играч во Алкалоид и во македонката репрезентација, и неговото враќање е добра вест за сите вистински љубители на спортот.

