Одлична вест за Ливерпул – Фирмино се врати на тренинг

Ливерпул моментално е во Марбелја, Шпанија, каде што ги врши последните подготовки во пресрет на финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем. Денес Јирген Клоп доби одлична вест, Роберто Фирмино се врати на тренинзите со остатокот од тимот откако се здоби со мускулна повреда.

Бразилецот ги пропушти последните три меча на Црвените, вклучувајќи го и реваншот против Барселона во полуфиналето од ЛШ, но се чини дека со него сè е во ред и многу веројатно ќе биде во составот кој ќе се соочи со Тотенхем на 1 јуни во Мадрид, во битката за европската круна.

- Оглас -

Најнови вести