19.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Одлична вест за Македонија – Елмас ќе игра против Австрија

Елиф Елмас е подготвен за настап, а селекторот Игор Ангеловски одлучи да ризикува и да го вклучи во стартниот состав за дуелот со Австрија вечерва во Скопје, од 20.45 часот.

Се враќаме во формација со 4 дефанзивци, а ќе играме и со засилен среден ред со Аријан Адеми во почетниот состав. Нападот е  стандарден , а за голови вечерва повторно ќе бидат задолжени Илија Несторовски и Горан Пандев.

Кај Австријците заби стисна Мартин Хинтерегер и тој ќе игра иако чувствува болки во грбот, во тандем со Драговиќ на стоперската позиција.

Франко Фода, селекторот на гостите одлучи да игра во нападот само со Марко Арнаутовиќ, па Бургшталер,  стрелецот против Словенија, ќе чека шанса од клупата.

Состави:

Македонија: Димитриевски, Ристовски, Бејтулаи, Велковски, Алиоски, Адеми, Барди, Николов, Елмас, Несторовски, Пандев.

Австрија: Линднер, Илсанкер, Хинтерегер, Драговиќ, Улмер, Лајнер, Лајмер, Сабицер, Шлагер, Лазаро, Арнаутовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести