Одлично за македонскиот покер-репрезентативци – Потпишан е протокол, ќе има и публика на секое петто место на трибините

Унгарското првенство веќе го имаше своето рестартирање по долгата пауза со два меча на Ференцварош против Дебрецин и Ујпешт без присуство на публика, а празни ќе бидат трибините уште само во следното коло, што ќе се игра од утре до 31 мај.

Потоа навивачите ќе можат да присуствуваат на натпреварите во популарната „ОТП Банк лига“, и тоа од 27-мото коло што ќе започне на петти јуни.

Клубовите и Фудбалската федерација на Унгарија потпишаа протокол што предвидува секое петто место на трибините да може да биде достапно за симпатизерите. Со тоа ќе се почитува правилото за социјална дистанца, но и ќе ѝ се дозволи на публиката во намален број да биде присутна на натпреварите до крајот на сезоната.

Ова е одлична вест за нашиот тандем репрезентативци од МОЛ Фехервар и Бобан Николов и Висар Муслиу сепак ќе имаат поддршка од публиката, а на навивачи на трибините ќе се радува и третиот македонски репрезентативец Кире Ристевски, кој игра за Ујпешт.

Мирко Ивановски, кој исто така има играно за Македонија, и тоа на 27 натпревари, ќе има шанса во Мишколц на стадионот на Диошѓер да биде поздравен од навивачите на клубот што ќе се обиде да направи подвиг и да обезбеди настап во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести