Македонскиот репрезентатвен напаѓач, Бојан Миовски, постигна гол во 33-тата минута од пријателскиот меч помеѓу шкотски Абердин и англиски Чарлтон.
За Миовски ова е само втор настап после паузата која ја имаше по повредата во мај, одигра и 25 минути во контролата пред една недела против Престон.
Абердин по првото полувреме води со 3-0, а Миовски го даде третиот гол, откако првите два беа дело на капитенот Шини.