Одлични билдерски квоти има и за победа на Албанија, но и за триумф на Србија

Дербито меѓу Албанија и Србија е во фокусот барем кога се работи за денешната Бет билдер понудата. Дури четири интересни комбинации има за овој дуел, а квотите се движат од 15 до 25. Билдерски понуди има и за пресметките меѓу Андора – Англија и Финска – Холандија.

За да биде добитна квотата 20 на дуелот во Тирана потребно е Албанија да победи, Албанија да изведе 4+ корнери, двете екипи да добијат 2+ картони и Реј Манај да постигне гол.

Со 15 квота се пресметува комбинацијата Србија да победи, Србија да изведе 5+ корнери, Албанија да добие повеќе картони и двата тима да направат 2+ офсајди.

Најголема квота за ова дерби се дава ако двата тима постигнат гол, двата тима изведат 4+ корнери, двата тима добијат 2+ картони и двата тима имаат 2+ офсајди. Ако овие услови бидат исполнети, ќе биде добитна квота од 25.

- Оглас -

Најнови вести