Одлични коефициенти помеѓу 1.95 и 2.40 во Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет натпревари од најквалитетните европски лиги се дел од Квотите на денот на Sport Life. Два меча се од Премиер лигата, додека по еден од Франција, Германија и Италија.

Понудата ја отвора најинтересниот натпревар денес, дербито на Премиер лигата помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Понудената квота за овој натпревар е 2.10, а ќе биде добитна само ако двете екипи постигнат погодок, но и ако на целиот натпревар бидат постигнати најмалку четири погодоци.

Ефикасно се очекува да биде и на натпревар помеѓу Монако и Рен во француското првенство. Квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако има голови во двете полувремиња.

Помеѓу еден и три гола во двете полувремиња се очекува на дуелот ос Бундес лигата помеѓу Волфсбург и Борусија Менхенгладбах. Доколку тоа се случи, понудената квота од 1.95 ќе биде добитна.

Тотенхем е апсолутен фаворит против Нотингем форест, но за да биде добитна квотата од 2.40 потребно е освен да победат, да имаат водство и после првото полувреме, но и на целиот натпревар да бидат постигнати помеѓу два и шест гола.

Очекувањата се дека Јувентус нема да загуби на домашен терен од Фиорентина, но за биде добитна квотата од 2.20, потребно е „старата дама“ да постигне и најмалку два гола на мечот од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести