Пет натпревари со коефициенти помеѓу 2.00 и 2.90 се дел од Квотите на денот на Sport Life за сабота. По еден меч од пет различни првенства, и тоа од првенствата на Италија, Шведска, Германија, Англија и Аргентина. Вкупната квота на петте дуели е 52.4.
Понудата започнува со натпреварот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Верона, во кој домашните влегуваат како големи фаворити. Очекувањата се дека Милан ќе постигна најмалку два голови на овој меч, но и дека ќе прими најмалку еден. Квотата за овој натпревар е најголема во Квотите на денот, дури 2.90.
Екипата на Малме е голем фаворит во мечот од првенството на Шведска против Дерегфорс на гости. Очекувањата се дека гостите ќе постигнат најмалку по еден погодок во двете полувремиња, а квотата во Sport Life е 2.05.
И третиот натпревар од Квотите на денот има изразит фаворит, во случајов тоа е екипата на Борусија Дортмунд која на домашен терен го пречекува Волфсбург. Предлогот за овој натпревар е да се одигра на победа на Борусија, но и да има најмалку еден погодок во второто полувреме со квота од 2.00.
Екипата на Манчестер Јунајтед е во лоша серија, а крајот се очекува да биде токму денес на гостувањето кај Барнли. Очекувањата се дека “црвените ѓаволи“ нема да загубат на ова гостувањето, но и дека ќе има голови во двете мрежи. Квотата за овој натпревар е 2.05.
Понудата со Квотите на денот ја затвораат екипите на Бока Јуниорс и Ланус. Домашните се мала предност и токму затоа предлогот е дека тие нема да загубат, а на натпреварот ќе бидат постигнати помеѓу два и четири погодоци. Квотата за овој натпревар е 2.15.