Ако се суди според првите мечеви во нивните серии, вечерва треба да биде многу интересно на средбите во Денвер и Њујорк од плејофот во НБА лигата.
Њујорк никс води со 1-0 против Детроит, а Пистонс ќе се обиде да се реваншира и да направи тоа што испушти да го направи на првиот дуел. Детроит водеше со осум поени разлика после три четвртини, но Никс со серија од 21-0 направија пресврт и на крај победија дури и убедливо со двоцифрена разлика.
Денвер има предност од 1-0 против ЛА Клиперс, а Нагетс се спасуваа од пораз и на крај победија со 112-110 по продолжение од пет минути. Квотите во Sport Life велат дека многу благ фаворит за победа е Клиперс, но тие победиле само двапати на последните 11 гостувања кај тимот предводен од Никола Јокиќ.
Секако тука е и богатата понуда на игри на индивидуалци. Може да се обложите на број на поени, скокови, асистенции и погодени тројки на одредени кошаркари кои се на листата. Се смета и учинокот во евентуално продолжение.