Играчот за врска Андре Гомес се врати на тренинг по тримесечната пауза. Ова се одлични вести за Евертон и предводникот Карло Анчелоти со оглед на тоа дека Португалецот закрепна многу побрзо од очекуваното.
На Гомес му се предвидуваше пауза и до шест месеци, меѓутоа тој веќе тренира со соиграчите и може да се очекува негово враќање на терените пред крајот на сезоната. Гомес се здоби со повреда на глуждот во дуелот против Тотенхем кој се одигра во ноември минатата година, по остриот старт на Сон Хеунг-мин.
https://twitter.com/aftgomes/status/1222186339581538309