Убедливо најдобриот стрелец во Бундеслигата, а и реализатор на 10 гола сезонава во Лигата на шампионите, Хари Кејн, денеска се појави на тренинг на Баерн Минхен. Првите 15 минути, колку што беше дозволено присуство на новинари и фоторепортери, тој нормално тренирал со останатите соиграчи и тоа е сигнал дека би можело да игра на утрешниот прв меч од четвртфиналето на ЛШ против Реал Мадрид.
Кејн имаше повреда на глуждот поради која не настапи викендов, но на фановите на Баварците многу им олесна кога го видоа на тренинг. Тренерот Венсан Компани ќе треба да процени дали Кејн треба да биде стартер утре во Мадрид и дали е спремен за 90 минути или ќе чека шанса од клупата за резерви.

