Барселона доби одлични вести, напаѓачот Луис Суарес е целосно закрепнат од операцијата на десното колено која му беше направена пред пет месеци, и Уругваецот доби дозвола од лекарите да игра на мечот со Мајорка, следната сабота.
Суарес кој сезонава има дадено 14 гола во сите натпреварувања, но одлично соработува со Лионел Меси, се повреди за време на мечот од Суперкупот на Шпанија против Атлетико Мадрид на почетокот на јануари, и без него, нападот на каталонците не е толку убоит, бидејќи премногу се потпираа само на еден човек, Меси, и повремени блесоци на Антоан Гризман и младиот Ансу Фати.
Среќна околност за Барса е што се случи паузата поради коронавирусот, па Суарес доби време да закрепне, бидејќи ако сезонава течеше нормално според планираниот календар, Уругваецот тешко дека ќе можеше да му помогне на тимот во битката во ЛШ и Ла Лига. Вака, Барселона добива огромно засилување за најважните мечеви во сезоната 2019/2020.