Интер се искачи на првата позиција на табелата во Серија А, но во клубот добија уште една одлична вест. Првиот голман на екипата, Јан Зомер, наскоро се враќа на терените, а тоа се очекува да биде на 16 март, на гостинскиот дуел против Аталанта.
Репрезентативецот на Швајцарија имаше скршеница на прстот на раката, па ќе мора да носи специјално дизајнирано помагало. Проблемите на Инѕаги се зголемија кога се повреди и третиот чувар на мрежата, Рафаеле ди Џенаро, па на располагање го имаше само вториот голман, Хосеп Мартинес.
Тој беше на голот на Интер на дуелите против Џенова (1-0) во Серија А и против Лацио (2-0) во Купот на Италија, а неговата мрежа остана „чиста“.