Одлични вести за Милан: Ибрахимовиќ се врати на тренинг во пресрет на реваншот против Манчестер јунајтед

Златан Ибрахимовиќ без проблеми го одработи денешниот тренинг заедно со остатокот од екипата и многу веројатно ќе му се стави на располагање на тренерот Пиоли за утрешниот реванш-дуел против Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на Европа.

Заедно со Златан, во тренажен процес се врати капитенот Алесио Ромањоли, како и Исмаил Бенасер, меѓутоа Ребиќ, Калабрија, Леао и Манџукиќ не тренираа по што големи се шансите да бидат изоставени од тимот.

Инаку, Ибрахимовиќ ги пропушти сите мартовски натпревари на Милан во кои екипата оствари само еден триумф, а загуби од Наполи и ремизираше со Удинезе во Серија А, додека го пропушти и првиот меч против неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед кој заврши со реми од 1-1 на „Олд трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести