Шпанскиот тенисер допатува во Париз и веднаш тренираше на терените на Ролан Гарос како подготовка за вториот гренслем-турнир сезонава. Надал е легенда на најпознатиот турнир на земјена подлога и досега има неверојатни 13 титули на Ролан Гарос.
Надал е и рекордер со 21 титула на гренслем-турнирите и секако дека е еден од фаворитите за нов голем успех. Проблем за Шпанецот беше тоа што минатата недела по пораот на Мастерсот во Рим се пожали на болки на стопалата и дека едвај може да се движи.
Сепак, дека сега е сè во ред со Надал се покажа денеска, кога без проблем го одработи тренингот во Париз.