Килијан Мбапе и Единсон Кавани ќе го пропуштат премиерниот меч на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите задутре против Реал Мадрид, што беше очекувано со оглед на повредите, но добра вест за парижани е што рехабилитацијата оди побрзо од очекуваното.
Франциските медиуми најавија дека двајцата опасни напаѓачи ќе се вратат на тренирање до крајот на оваа седмица.
И Мбапе и Кавани се повредија на ист меч, против Тулуз игран на 25 август, на кој ПСЖ победи со 4:0, но ги загуби двајцата офанзивци.
Добро за францускиот шампион е што веднаш потоа во составот се врати Нејмар, кој беше главна ѕвезда во летниот преоден рок, но не успеа да си замине од ПСЖ и веќе игра повторно за екипата од Париз.