Одлични вести за Реал: Рамос тренира пред полуфиналето со Челзи

Реал Мадрид веројатно ќе биде посилен со капитенот Серхио Рамос во првото полуфинале против Челзи кое во вторник ќе се одигра во Мадрид.

Искусниот стопер го надмина проблемот со корона-вирусот и денес се приклучи на тренингот, во меѓувреме го реши проблемот со повредата на листот, па така има шанси Рамос да настапи против Сините во ЛШ.

Секако ова се одлични вести за Зинедин Зидан кој цела сезона има проблеми со повредите на повеќе првотимци, а покрај Рамос, во составот се вратија Азар и Карвахал, кои вчера играа во ремито без голови против Бетис.

Првото полуфинале е закажано за 27 април на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот во Мадрид, додека реваншот во Лондон е предвиден за 5 мај.

- Оглас -

Најнови вести