Екипата на Ливерпул конечно ќе го направи првиот трансфер во постерата на Јирген Клоп, односно од доаѓањето на новиот тренер Арне Слот. Станува збор за хит голманот од Европското првенство, Гиорги Мамардашвили од Валенсија.
Ова се одлични вести и за нашиот Столе Димитриевски, кој сега се очекува да биде прв голман на Лилјаците во Ла Лига, откако во првото коло му беше резерва за грузиецот.
Ливерпул за потписот на 23-годишниот репрезентативец на Грузија ќе плати 35 милиони евра, односно ќе ја активира откупната клаузула од неговиот договор со Валенсија.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1828031518033265077?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1828031518033265077%7Ctwgr%5E77db643be8a9c5d4c6207f131f5f1a623c1b31ac%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fliverpool-je-konacno-doveo-prvo-pojacanje-nakon-odlaska-kloppa-gruzijca-koji-je-odusevio-na-euru%2F240826126