Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, денеска го имаше официјалното деби за својот нов тим, Пекинг Гуан.
Новата сезона во кинеската Суперлига започна викендов, а Пекинг Гуан на домашен терен одигра 1:1 против Меижу Хака, и Адеми ги одигра сите 90 минути.Гостите поведоа со голот на Чугуи Је во 19-та минута, а конечниот резултат го постави Жанг Сиџе од пенал кој го изнуди токму Адеми.
Интересно е што тренерот на домашниот тим, Холанѓанецот Стенли Мензо, му одбра нова позиција на Адеми, македонскиот репрезентативец играше како напаѓач.