Одлично деби на Адеми за Пекинг Гуан, изнуди пенал, а тренерот му одбра позиција на која досега не играл

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, денеска го имаше официјалното деби за својот нов тим, Пекинг Гуан.

Новата сезона во кинеската Суперлига започна викендов, а Пекинг Гуан на домашен терен одигра 1:1 против Меижу Хака, и Адеми ги одигра сите 90 минути.Гостите поведоа со голот на Чугуи Је во 19-та минута, а конечниот резултат го постави Жанг Сиџе од пенал кој го изнуди токму Адеми.

Интересно е што тренерот на домашниот тим, Холанѓанецот Стенли Мензо, му одбра нова позиција на Адеми, македонскиот репрезентативец играше како напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести