Одлично е англиското дерби – Шампионот Манчестер сити е на едно полувреме до титулата (Видео)

Одлично е англиското дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул и по првото полувреме, домаќините, кои се актуелни шампиони, водат со 2:1.

Мечот на сезоната во Англија, што треба да веројатно и да одлучи кој ќе биде нов англиски првак, почна ефикасно и за 13 минути имаше два гола.

Поведе Сити со погодокот на Кевин де Бројне во петтата минута.

https://twitter.com/fastfootygoal/status/1513179544387260422?s=20&t=_BymmjXixNMmIS8_KCc_PQ

За Белгиецот тоа е шести гол на последните шест меча за Манчестер сити, а даде четири по ред на последните четири натпревари.

Диого Жота израмни во 13-тата минута и Ливерпул се врати во игра, но, сепак, шампионот има предност по првиот дел, а ја донесе Габриел Жезус со погодок во 36-тата минута, што беше и проверуван со ВАР-системот, но важи и Сити води со 2:1.

https://twitter.com/fastfootygoal/status/1513181442020368386?s=20&t=_BymmjXixNMmIS8_KCc_PQ

Домаќините го почнаа мечот со еден бод предност пред Ливерпул и победа може да им донесе одлична позиција и 4 бода предност во последните шест кола од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести