Барселона и Реал Мадрид одиграа возбудливо прво полувреме на 245. Ел Класико, а два гола имаше во стартните 10 минути.
Феде Валверде во петтата минута му донесе предност на Реал Мадрид, а потоа Ансу Фати испиша историја.
Со гол за израмнување во деветтата минута тинејџерот на Барселона стана најмладиот стрелец во историјата на 245 дуели на Ел Класико.
Фати има 17 години и 357 дена и го мина легендарниот Раул Гонзалес, кој досега беше најмладиот стрелец на големото шпанско дерби со гол на возраст од 18 години и 95 дена.
Мечот и во продолжението на првото полувреме беше одличен, а се истакнаа и двајцата голмани Куртоа и Нето, кои спречија барем по уште едне погодок во мрежите на Реал, односно Барселона.