Бесплатната игра Спортска прогноза уште еднаш докажува дека е одлична шанса да добиете подарок без да вложите ништо. По одиграните 12 мечеви од 30-тото коло, прогнозерите покажаа одлични резултати и голем број погодоци. Дури 24-рица играчи во ова коло досега погодија 10 двојки, што значи дека се во игра за добивање вредносен ваучер од Sport Life. Според правилата, на сите оние кои ќе имаат по 11 погодоци им следува вредносен ваучер од по 500 денари. За 12-ка вредносниот ваучер е 1.000 денари, а „Среќна 13-ка“ носи мобилен телефон „ајфон ХС“.
За комплетирање на ова коло, останува да се доигра уште вечерашниот меч меѓу Вилјареал и Севилја. Од 24-цата играчи кои се надеваат на ваучер од Sport Life од 500 денари, има прогнози за сите три знаци кои може да завршат на крај. Дури 13-мина прогнозери веруваат дека дуелот кој може да одлучи за место кое води во Лигата на шампионите ќе заврши нерешено. Деветмина прогнозери имаат одиграно на победа на Севилја, а само двајца веруваат во триумф на Вилјареал.
Останува вечерва да го видиме конечниот резултат, па да сумираме колку добитници на вредносни ваучери ќе се радуваат.
Инаку прогнозерите вчера имаа „составено“ и одличен тикет, па од седумте средби кои се играа во неделата, дури шест типови им беа точни, а кикс направи само Ливерпул. Доколку Ливерпул победеше на „Гудисон парк“, сега во игра ќе беше тикет со коефициент 250, а ќе се чекаше само шпанскиот меч меѓу Вилјареал и Севилја да заврши нерешено.