Скопски Алкалоид одигра одлични 30 минути во Атина на првиот меч од финалето на Европскиот куп и има водство од 14-16 над АЕК.
Мечот започна со водство од 2-0 за домашните, но Алкалоид брзо се врати и се до финишот се играше гол за гол, а на семафорот најчесто беше нерешено.
Во самиот финиш, македонскиот претставник успеа одлично да се одбрани и да дојде до +2, првпат за овој меч, а потоа имаше и шанса за три разлика на паузата, но голот на Петковски беше поништен поради престап.
Мартин Серафимов и Арно Бинго со по три гола се најефикасни во редовите на Алкалоид, додека Кизиќ првиот дел го заврши со пет одбрани.