Одлично прво полувреме на „Камп ноу“, фалат само голови

Првото полувреме во дерби-пресметката во нокаут-фазата во Лигата на Европа меѓу Барселона и Манчестер јунајтед заврши без голови.

На исполнетиот до последно место „Камп ноу“, и двата тима одиграа одлични 45 минути созадавајќи по неколку одлични шанси, но Марк-Андре тер Штеген од едната и Давид де Хеа од другата страна не дозволија да се затресат мрежите.

Најголемата шанса за водство на Барселона ја имаше капитенот Жорди Алба во 37-мата минута, но неговиот шут од левата страна од петерецот го одбрани Де Хеа.

Јунајтед се закани Вут Вегхорст во 28-мата минута и шест минути подоцна преку Маркус Рашфорд, но Тер Штеген не дозволи да биде изненаден.

Без голови по првото полувреме е и на уште два натпревари, Ајакс-Унион Берлин и Салцбург -Рома, додека единствено голови има на дуелот меѓу Шахтјор и Рен, каде што домаќинот со головите на Хрускив и Бондаренко води со 2:0.

Стрелците не беа расположени ниту на четирите средби од Лигата на конференции и само Фиорентина благодарение на Лука Јовиќ има водство од 0:1 на гостувањето кај Карабах.

- Оглас -

Најнови вести