Валенсија и Реал Мадрид играат без голови по првото полувреме на стадионот „Местаља“. Гостите од Мадрид се големи фаворити за победа, но по првите 45 минути, мируваа мрежите на двете страни.
Реал доминираше и имаше две третини посед на топка, а гостите упатија и шест путеви кон голот на Димитриевски. Три од тие шутеви одеа во рамките на голот, но Димитриевски беше одличен и ги одбрани сите шутеви.
🧤 @Dimitrievski1 #ValenciaRealMadrid #LaLigaHighlights pic.twitter.com/5yCOApZLY7
— Valencia CF (@valenciacf) February 8, 2026
Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата одлично ги проценуваше сите опасности, одлично излегуваше на високите топки и не им дозволи на противниците да се израдуваат.
Сепак, ова е само прво полувреме, па да биде комплетна сликата, Димитриевски треба да продолжи во ист стил и во вториот дел.

