Одлично тргнавме на Мундијалот: Македонија води против Јапонија на полувреме

Македонската ракометна репрезентација води со 18:13 по првите 30 минути во дуелот против Јапонија, во мечот со кој го отворивме настапот на Светското првенство во Минхен. Нашите момци ја имаат фаворитската улога на овој меч, а тоа го потврдуваат по првото полувреме.

Јапонија поведе со 1:0, а потоа Македонија со два гола на Дејан Манасков и еден погодок на Стојанче Стоилов стигна до 3:1. Следеше контра серија од 3:0 за Јапонија и водство од 4:3, но тоа беше и последен пат кога имаа предност во првиот дел.

Македонија со серија од 4:0 стигна до 7:4, а потоа и до 10:5. Нападот добро функционираше, а Борко Ристовски одлично го чуваше својот гол. Најголемата предност нашите ракометари ја имааа во 26 минута кога поведовме со 15:9, а на полувреме заминавме со предност од пет голови.

Капитенот Кирил Лазаров до седум погодоци е најефикасен во нашиот тим (четири даде од пенал). Манасков и Стоилов постигнаа по три гола, Филип Талевски даде 2, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Кузмановски, Георгиевски и Пешевски. Борко Ристовски со 12 одбрани блескаше на нашиот гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести