Прв меч за капитенот во 2021 година – Пандев се врати на терен, Џенова освои голем бод во Бергамо

Горан Пандев го одигра првиот меч за Џенова во 2021 година по повредата на бурнуот мускул, а неговиот тим освои голем бод во Бергамо со реми без голови против Аталанта.

Пандев беше оовреден и не играше од 23. декември, а во Бергамо влезе во игра во 68. минута. Одигра половина час и успеа да помогне Џенова да освои бод против големиот фаворит и тоа на гостински терен.

Џенова бие голема битка за опстанок и овој бод вреди многу за нив. Сега со 15 бодови од 18 меча најстариот клуб во Италија се наоѓа на 16. позиција, или две скалила над опасната зона за испаѓање.

Аталанта остана на шестото место со 32 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести