17.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Одложен денешниот меч на Манчестер јунајтед во Премиер лигата

Новата мутација на корона-вирусот, омикрон, дефинитивно прави проблеми во Премиер лигата, откако само за три дена два меча не се одиграа.

Во неделата беше одложен дуелот на Тотенхем кај Брајтон откако повеќе фудбалери на лондонскиот тим беа позитивни на тестирањето на вирусот. Денеска нема да се игра ни дуелот меѓу Брентфорд и Манчестер јунајтед поради поголем број заразени кај Црвените ѓаволи.

Проблеми има и во таборот на Брајтон, и тука се работи за корона-вирус, а Галебите веројатно нема да играат со Вулверхемптон утре, па и тој меч е во опасност да биде одложен.

Се размислува и за одложување на уште еден натпревар токму против Манчестер јунајтед што треба да се игра на 18 декември.

Во овие неколку дена, вкупно 42 лица од клубовите во Премиер лигата се заразени со корона-вирусот, што е најголем број откако е започната пандемијата пред две години.

- Оглас -

Најнови вести