Одложен дуелот на Реал против Атлетик, причина се репрезентативните мечеви

Челниците на шпанската Примера дивисион одлучија да го одложат дуелот меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао, кој според распоред, требаше да се игра веднаш по завршувањето на клупската пауза поради репрезентативните мечеви. Дуелот од шпанското првенство е одложен поради тоа што Милитао, Валверде и Винисиус јуниор ќе играат на 15 октовмри за својата репрезентација, а само еден ден потоа започнува деветтото коло во Примера дивисион.

Засега не е одреден нов датум за овој меч, што значи дека Реал Мадрид наредниот дуел ќе го игра дури на 19 октомври против Шахтар во Донецк, во рамките од Лигата на шампионите. По тој меч, следува вечното Ел Класико меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Реал Мадрид влезе во лоша серија и на последните три меча што ги одигра, претрпе два порази (од Еспањол и Шериф Тираспол), а ремизираше против Вилјареал. Освен дуелот на Реал со Атлетик Билбао, поради исти причини одложен ќе биде и мечот меѓу Гранада – Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести