Одложен и еден од двата меча кои денеска требаше да се играат во Премиер лигата

Хаосот што го создаде новиот сој на Коронавирусот нема крај во Премиер лигата. Серијата на одложени мечеви денеска се надополни со средбата меѓу Астон вила и Барнли.

Дуелот требаше да се игра во 16 часот, но тимот од Бирмингем објави дека дуелот е одложен.

Со ова одложување, сега вкупно пет од денешните шест средби кои требаше да бидат на програмата, нема да се играат. Од претхоно беа одложени средбите меѓу Манчестер јунајтед – Брајтон, Сатухемптон – Брендфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Вест хем – Норич.

Засега останува да чекаме дали ќе се одигра средбата меѓу Лидс и Арсенал која е закажана за 18:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести