Одложен мечот меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин

Актуелниот германски фудбалски првак денеска од 15:30 часот требаше на „Алијанц Арена“ да игра против Унион Берлин, но мечот е одложен. Причина за неодигрувањето на дуелот во предвидениот период е снегот кој направи хаос во цела Баварија.

За помалку од 12 часа паднало повеќе од 40 сантиметри снег, што беше причина за колапс во сообраќајот. Стадионот „Алијанц арена“ е еден од најмодерните во Европа и светот и тој има софистициран систем за загревање и воопшто немаше да биде проблем теренот да биде подготвен за натпреварот.

Сепак, авиособраќајот во Минхен е откажан до денеска до 12 часот, што значи дека нема шанси гостите од Берлин да стигнат навреме за одигрување на дуелот.

- Оглас -

Најнови вести