30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Одложен мечот на Лудогорец од бугарската лига, ќе се чуваат за Шкендија

Лудогорец в понеделник требаше да му гостува на Берое во Стара Загора во меч од бугарскиот фудбалски шампионат, но тој дуел е одложен.

На бугарскиот првак приоритет му е да ја елиминира Шкендија во плејофот за Лигата на Европа и фудбалерите добија помош од спортско техничката комисија на Бугарската федерација, па ослободени се од домашни обврски во претстојното коло, со што ќе имаат повеќе време за одмор и подготовка за реваншот со македонскиот првак.

Шкендија синоќа го победи Лудогорец со 2-1 и реваншот за Орлите од Разград е најважен меч годинава.

- Оглас -

Најнови вести