Дуелот меѓу Мајнц и Унион Берлин кој според предвиденото требаше да се игра вечерва, е одложен. Причина поради која овој натпревар нема да се игра вечерва се безбедносните ризици за гледачите и тоа поради временските услови кои во моментов владеат во тој дел од Германија.
На „Мева Арената“ има многу снег, но тоа не е проблем, колку што проблем преставува мразот на добар дел од стадионот, посебно во делот за стоење на навивачите, како и патиштата кои водат кон стадионот.
Токму поради зачувување на безбедноста на навивачите, одлуката е овој меч на Мајнц и Унион Берлин да биде одложен, а засега не се знае новиот термин за овој дуел од 18 коло во Бундеслигата.