Одложен натпревар од Серија А поради смрт на физиотерапевтот на гостите

Мечот од Серија А помеѓу Аталанта и Лече, кој беше закажан за петок, и официјално е одложен откако гостинската екипа објави дека починал нивниот физиотерапевт. Експедицијата на Лече веќе пристигнала во Бергамо, но во хотелската соба било пронајдено безживотното тело на 47-годишниот физиотерапевт Грацијано Фиорета.

Од Лече веднаш ги информирале челниците на лигата, како и екипата на Аталанта, па дуелот и официјално е одложен, но сè уште нема нов термин кога би се одиграл.

Фиорето уште како многу млад започнал да работи во клубот и таму бил веќе 20 години, наследувајќи го неговиот татко Фернандо, кој 10 сезони бил физиотерапевт на Лече. Од клубот изразиле сочуство до сопругата и четирите деца на Грацијано.

- Оглас -

Најнови вести