Одложен рестартот на сезоната во Бундеслигата!

Рестартот на сезоната во Бундеслигата нема да биде на 9 мај, како што претходно се најавуваше. Канцеларката Ангела Меркел ја одложи одлуката која требаше да се донесе денес и да се даде зелено светло на германските прволигаши да истрчаат на терените и да ја доиграат прекинатата сезона.

Како што пренесуваат германските медиуми, конечна одлука ќе се донесе дури следната среда, на 6 мај, така што не е возможно лигата да продолжи три дена подоцна. Бундеслигата најрано може да започне на 16 мај, но тој датум засега не може да се потврди како конечен.

Одложувањето на одлуката е поради што бројот на позитивни во Германија од ковид-19 нагло се зголеми, па можно е земјата да се стави во карантин. Следните неколку дена ќе бидат клучни според тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширење на корона-вирусот, ќе се одреди дали е безбедно да се игра фудбал.

- Оглас -

Најнови вести