Одложен стартот на белгиското Гран при поради невреме (фото+видео)

Стартот на трката за Големата награда на Белгија е одложен за најмалку дваесетина минути поради неполволни временски услови и силни врнежи.

Уште на загревањето, возачот на Ред бул, Серхио Перес се удри во заштитната ограда при еден свиок откако загуби контрола врз болидот, па за него настапот е завршен уште пред самиот почеток.

Невремето продолжува да прави проблеми бидејќи и вчера имаше слични несреќи, Ландо Норис се заби во заштитната ограда но доби зелено светло да вози откако не беа забележани повреди по деталните медицински прегледи.

- Оглас -

Најнови вести