Францускиот фудбалер Антоан Гризман одлучи сепак да не го напушти Атлетико Мадрид среде сезона.
И покрај конкретните понуди и отворените преговори со тимот од МЛС лигата, Орландо сити, сепак Гризи не сакаше да си замине уште месецов за да се приклучи на Мејџор лигата сокер, лига во која отсекогаш изразувал желба да игра. Се чини дека пресуди тоа што Атлетико ќе игра финале во Купот на Шпанија и Гризман сака да игра и да се бори за трофеј.
Договорот со Атлетико Мадрид му е до летото 2027 година, а Французинот повторно ќе се соочи со избор ова лето, со посилна желба да ја испроба среќата во САД.
Орландо сè уште има приоритет да го потпише напаѓачот кој со Франција беше светски првак во 2018 година, но има и други клубови кои се интересираат како Интер Мајами, Монтреал и Лос Анџелес ФК.

