Одложен уште еден меч кој требаше да се игра вечерва во Премиер лигата!

Новиот вид на корона-вирусот прави вистински хаос и во фудбалот во Англија. Откако беа одложени три меча во последните неколку дена, денеска дојде потврда дека уште еден меч нема да се игра во предвидениот термин.

Одложен е дуелот меѓу Лестер и Тотенхем, кој требаше да се игра на стадионот „Кинг пауер“. Најпрво од Лестер бараа мечот да биде одложен, но не добија позитивен одговор за такво нешто.

Потоа од Тотенхем испратија исто барање за одложување на средбата и барањето беше прифатено.

Осуммина фудбалери и пет членови на стручниот штаб на Тотенхем се заразени со корона-вирусот и ова е трет меч во низа кој лондонскиот клуб го одложува поради истите проблеми.

- Оглас -

Најнови вести