Лошото време не дозволи играње денеска на второлигашките мечеви Беса – Тетекс во Кичево и Скопје – Осогово на стадионот во скопска Железарница.
Истата судбина се заканува и за средбата Арсими – Победа во Голема Речица која официјално не е одложена, и мечот почна, но којзнае дали ќе заврши, со оглед на условите за игра во Тетово и силниот снег.
Одложените мечеви треба да се играат в понеделник.